СТРАВОВИ ОД „ЧЕТВРТИОТ РАЈХ“ СЕ БУДАТ ВО ЕВРОПА Што може да донесе забрзаното вооружување на Германија
Планот предвидува Германија да троши по 153 милијарди евра годишно за одбрана до 2029 година. За споредба, Франција планира да достигне 80 милијарди евра до 2030, а Полска оваа година ќе потроши 44 милијарди евра. Прашањето што се наметнува е колку „европско“ ќе биде германското вооружување или пак Берлин гради армија првенствено за себе.
Со децении наназад Европската Унија се потпираше на непишано правило: Германија ја водеше економијата, а Франција воената политика. Тоа правило денес е минато, а улогите се менуваат со брзина што ја нарушува рамнотежата на континентот. Германија се подготвува да стане водечка воена сила во Европа, додека Франција се бори да ја задржи својата релевантност. Во Полска, германското вооружување ги буди сеништата на историјата, но буди и надеж за создавање силна оска Берлин-Варшава насочена против Русија, пишува Политико.
Очекувањата од Берлин се огромни.
– Каде и да одам во светот, од Балтикот до Азија, луѓето бараат од Германија да преземе поголема одговорност. Очекувањето е дека Германија конечно ќе истапи и ќе ја усогласи својата економска тежина со својата одбранбена моќ – рече Кристоф Шмид, германски социјалдемократ, член на одборот за одбрана на Бундестагот.
Визијата за Германија со најголемата европска армија, опремена со најсовремена технологија, е далеку од поранешниот хаотичен Бундесвер, кој долго време беше предмет на подбив. Оваа нова воена моќ, во комбинација со економската и политичката тежина, создава доминантна Германија на која останатите европски земји ќе мора да се прилагодат.
Планот предвидува Германија да троши 153 милијарди евра годишно за одбрана до 2029 година, што изнесува околу 3,5 отсто од БДП и претставува најамбициозната воена експанзија по повторното обединување. За споредба, Франција планира да достигне 80 милијарди евра до 2030 година, додека Полска оваа година ќе потроши 44 милијарди евра, или 4,7 отсто од БДП – најмногу во НАТО.
Ова тектонско поместување се чувствува и во Брисел. Еден функционер на ЕУ ја нарече промената во германскиот воен потенцијал е „тектонска“ и „најважното нешто што се случува на ниво на ЕУ во моментов“.
Прашањето што одекнува во европските институции е колку „европско“ ќе биде германското вооружување. Берлин гради армија, но првенствено за себе. Одговорот лежи во политиката на набавки: Германија се спротивставува на поголеми овластувања на Европската комисија за купување оружје и планира да се потпира на национални рамки, систематски користејќи го членот 346 од Договорот за ЕУ, кој овозможува заобиколување на правилата за конкуренција и фаворизирање на домашните компании.
Овој пристап „Германија на прво место“ веќе се спроведува. Внатрешните документи покажуваат дека Берлин се подготвува да протурка договори за одбрана од 83 милијарди евра преку Бундестагот до крајот на 2026 година. Ова е само почеток – долгорочната листа на Бундесверот тежи 377 милијарди евра. Помалку од 10 отсто од новите договори ќе одат кај американски добавувачи, пресврт по децениите кога Вашингтон беше клучен партнер. Речиси сè останато ќе остане во Европа, а најголемиот дел во Германија.
Во Париз овие случувања се следат со скептицизам и загриженост. И покрај напорите на претседателот Емануел Макрон да ги подобри односите, недовербата останува длабока.
– Тоа е некаде помеѓу претпазливост и чувство на закана – вели за „Политико“ еден француски функционер за одбрана. „Ќе биде тешко да се работи со нив бидејќи тие ќе бидат исклучително доминантни“.
Истиот функционер додава дека индустриската и економската моќ на Германија е исто толку загрижувачка како и вооружувањето. „Тие нема да мора да ги нападнат Алзас и Лорен“, се пошегува тој. „Можат само да ги купат“.
Французите се загрижени и за геополитичката улога на Берлин. „Сè уште не е јасно што сака да направи Мерц“, рече еден европски дипломат. „Германија ќе мора да преземе поширока улога на меѓународно ниво, но не е јасно како“.
Во Варшава германското вооружување се гледа како неопходен и задоцнет чекор. Полска е меѓу земјите кои се издвојуваат во однос на воените трошоци, па често инсистира и кон другите членки на НАТО да го следат нејзиниот пример.
– Ако сме сериозни во врска со колективната одбрана, не можеме постојано да велиме: „Ве молиме, сите трошете повеќе за одбрана, но не и вие, Германија, вели еден полски политичар.
Други полски функционери изразуваат прагматизам, но историјата фрла сенка.
– Гледајќи ја историјата, ситуацијата во која Германија би ја комбинирала својата економска моќ со воена сила отсекогаш предизвикувала страв – вел Павел Залевски, заменик-министер за одбрана на Полска, додавајќи дека плановите мора да се гледаат во контекст на зајакнување на сите европски армии. Според него, германското зајакнување е природен одговор на сигналите од Вашингтон за намалување на американското присуство. Залевски додава дека главните земји што го бранат источниот крило ќе бидат Полска и Германија.
За Полска е многу загрижувачка идната ориентација на Германија. Лоши сеќавања буди политиката на Ангела Меркел кон Русија, која ја смеетаат за проруска, а голема загриженост им предизвикува подемот на АфД.
– АфД е пропутинска партија и има програма што зборува за враќање на дел од полската територија. Не можеме да ја отвориме оваа дебата во Европа – рече еден полски функционер.
Центарот на моќ се поместува кон исток. Економскиот мотор на Европа станува и нејзин воено-индустриски мотор, додека Франција се држи до нуклеарната карта, а Полска се појавува како конвенционална тешкаш на источниот фронт. За Брисел ова е клучен тест: дали ЕУ ќе го насочи моментумот кон заеднички структури или ќе ја продлабочи фрагментацијата?