АЛИУ РЕАГИРА НА СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТАТА ПАЦИЕНТКА Ќе се формира стручна комисија за утврдување на одговорност

Ќе се формира стручна комисија која ќе утврди дали имало пропусти во третманот на 37-годишната пациентка со Кронова болест.

465

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека денеска ќе потпише решение за формирање стручна комисија која ќе треба да утврди од клинички аспект што точно се случило со 37-годишната пациентка со Кронова болест, која, според објавите во медиумите, починала пред осум дена откако била испишана од болница по две извршени операции на Клиниката за дигестивна хирургија.

Алиу посочи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе е на терен и ги прибира сите потребни информации поврзани со случајот.






– Денеска ќе потпишам да се формира стручна комисија која ќе го испита случајот од клиничка гледна точка. Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе работи на терен – изјави министерот Али.

Поврзани содржини