НОВИ 5 ИНВЕСТИЦИИ СТАРТУВААТ НАСКОРО Планирано е да отворат 1.000 работни места

Мицкоски, кој денеска беше во посета на „Костал“ кој објави нов инвестициски циклус за следната 2026 година од 30 милиони евра и нови 200 работни места, кажа дека еден од доказите за нашата конкурентност е и оваа инвестиција. 

1,083

До крајот на годинава се очекува 4 до 5 компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во земјава, во кои би биле вработени околу 1.000 луѓе, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата во компанијата „Костал“.

Тој рече дека се покажало дека Македонија е една од најконкурентните земји во Европа за инвестирање што го покажуваат и бројките.






– Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината, четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата така што очекувам нови над 1.000 работни места кои што ќе бидат резултат на овие потпишување. Апсолутно ќе се случуваат тие работи, ќе има нови компании, некои ќе се отвораат, некои ќе се затвараат, но ние како Влада сме тука да работиме за интересите на граѓаните и на државата и убеден сум дека со поддршката што ја даваме сме конкурентни – рече Мицкоски премиерот.

Мицкоски, кој денеска беше во посета на „Костал“ кој објави нов инвестициски циклус за следната 2026 година од 30 милиони евра и нови 200 работни места, кажа дека еден од доказите за нашата конкурентност е и оваа инвестиција.

Поврзани содржини