ТРАМП ВОВЕДУВА ЦАРИНСКА ДИВИДЕНДА Секој Американец, освен богатите, ќе добие по 2.000 долари
Објавата доаѓа во време кога Врховниот суд ја разгледува легалноста на царините на Трамп, кои тој ги оправда според Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA). Пониските судови претходно утврдија дека многу од тие такси се нелегални.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе исплата на таканаречените царински дивиденди од „најмалку“ 2.000 долари за повеќето Американци.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп прецизираше дека плаќањата нема да ги вклучуваат „лицата со високи приходи“ и ги нарече критичарите на царините „будали“, тврдејќи дека САД собираат „илјадници милијарди долари“.
Објавата доаѓа во време кога Врховниот суд ја разгледува легалноста на царините на Трамп, кои тој ги оправда според Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA). Пониските судови претходно утврдија дека многу од тие такси се нелегални.
Трамп идејата за распределба на царинска дивиденда на Американците во износ од 1.000 до 2.000 долари ја спомена уште во октомври во интервју за One America News Network, пофалувајќи ги приходите од царина за кои предвиде дека ќе донесат повеќе илјади милијарди долари годишно.
Сепак, податоците на Министерството за финансии се многу поскромни. Во септемврискиот извештај се вели дека во фискалната 2025 година, од царински давачки се собрани 195 милијарди долари.
За потрошувачите соочени со зголемување на трошоците за живот идејата за дивиденда би можела да биде особено добредојдена. Сепак, таков план веројатно би барал одобрение од Конгресот, а самиот Трамп претходно сигнализираше дека би претпочитал да ги користи приходите од царините за намалување на националниот долг.