МИСТЕРИЈАТА НА ЗГРАДАТА БЕЗ ПРОЗОРЦИ ВО ЊУЈОРК Нема потреба од луѓе во ладниот бруталистички бункер

Изградена во 1970-тите, бруталистичката зграда била целосно автоматизиран центар за поврзување на повици – без потреба од човечки оператори. Затоа, велат инженерите, прозорците биле непотребни: на машините не им е потребна светлина, туку на кабли и сигнали.

347

Најчудната зграда во Њујорк изгледа како парче постапокалиптичен филм, масивен бетонски блок од 29 ката без ниту еден прозорец. Таа е позната само по бројот на улицата: 33 Thomas Street. Изгледа како архитектонска грешка, но со децении го пали љубопитниот оган на минувачите, новинарите и љубителите на заговори.

Во 2017 година, актерот Том Хенкс на платформата Икс (тогашен Твитер) напиша збунето:






„Ова е најстрашната зграда која некогаш сум ја видел! Што, по ѓаволите, прават внатре?“

Нема потреба од прозорци, ниту од луѓе?

Мистеријата има и прагматична страна. Според Ерик Гидри, познат тик-токер кој истражува урбани легенди, зградата била дел од мрежата „AT&T Long Lines“, систем за пренос на телефонски повици низ САД.

Изградена во 1970-тите, таа била целосно автоматизиран центар за поврзување на повици – без потреба од човечки оператори. Затоа, велат инженерите, прозорците биле непотребни: на машините не им е потребна светлина, туку на кабли и сигнали.

 

Тврдина отпорна на нуклеарен удар

Објектот бил дизајниран да издржи и нуклеарна експлозија. Располага со сопствени резерви на гориво, вода и струја, доволни за две недели изолација. Според архитектонскиот план од 1974 година, зградата можела да функционира дури и ако целиот град стане радиоактивна зона.

Понатаму, иако денес не е клучна за телефонските линии, таа е дел од интернет-инфраструктурата. – Ако гледате ова видео од Америка, голема е шансата сигналот да минал токму низ ваква зграда – додава Гидри.

Шпионски центар или само ладен технолошки храм?

Во светот на конспирациите, каде што секој бетон крие приказна, многумина веруваат дека „33 Thomas Street“ е центар на Националната агенција за безбедност (НСА). Според документите кои ги објави The Intercept со помош на свиркачот Едвард Сноуден, токму таму се собирале меѓународни комуникации и интернет-пакети од странство.

Поранешен инженер на „AT&T“ изјавил дека внатре постои „главен пристапен прекинувач“ кој ги поврзува повиците од Америка со остатокот од светот.

 

Поврзани содржини