ИЗЛИЗГАН КАМИОН ЦЕЛ ЧАС ГО БЛОКИРАЛ ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО Нема повредени, сообраќајот е нормализиран

Според полицијата, во сообраќајката нема повредени или загинати лица, а предизвикана е само материјална штета. Камионот, кој поради лизгавиот коловоз изгубил контрола, се испречил преку двете коловозни ленти, по што полицијата веднаш го затворила патот за да се овозможи безбедно извлекување на возилото.

328

Излизган камион на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во едно од селата на трасата кон граничниот премин со Бугарија, предизвика застој на сообраќајот во траење од речиси еден час, од 14:10 до 15:00 часот, јави СВР Струмица.

Според нивните информации, во сообраќајката нема повредени или загинати лица, а предизвикана е само материјална штета. Камионот, кој поради лизгавиот коловоз изгубил контрола, се испречил преку двете коловозни ленти, по што полицијата веднаш го затворила патот за да се овозможи безбедно извлекување на возилото.






Потоа, од АМСМ соопштија дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, кој беше во прекин поради сообраќајната незгода, е целосно нормализиран.

Поврзани содржини