АЛБАНИЈА ИЗГЛАСА ИСТОРИСКИ ЗАКОН Родовата еднаквост не е против семејството, вели Рама
Законот, според албаснкиот премиер Еди Рама, означува историски чекор кон поправедно и помодерно општество, јави „Топ Чанел“. Изгласаниот закон гарантира еднакви права за жените и мажите во сите сфери на животот и се темели врз основните принципи на демократијата и одржливиот развој.
„Овој закон не е против семејството, туку против дискриминацијата. Тоа не е проект за идеологија, туку за правда и меѓусебно почитување“.
Вака изјави премиерот на Албанија, Еди Рама, обраќајќи им се на пратениците во парламентот откако со 77 „за“ и 36 „противС“ парламентот го усвои предлог-законот за родова еднаквост, предложен од владата на Рама.
Законот, според Рама, означува историски чекор кон поправедно и помодерно општество, јави „Топ Чанел“.
Изгласаниот закон гарантира еднакви права за жените и мажите во сите сфери на животот и се темели врз основните принципи на демократијата и одржливиот развој. Неговата цел е јакнење на рамноправноста и заштита од дискриминација, во согласност со вредностите на Европската Унија, кон чии стандарди Албанија ги усогласува своите закони.
Меѓутоа, опозицијата во Албанија гласаше против, предупредувајќи дека делови од законот можат да ги нарушат традиционалните вредности на албанското семејство. Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, остро реагира, нарекувајќи ја иницијативата обид за наметнување концепти кои, според него, не се во согласност со моралот, културата и општествената структура на земјата.