🎥 РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ТУЗЛА Во тек е истрага за причините, најмалку 9 загинати и повеќе повредени

Според очевидци, пламенот се проширил многу брзо, а некои од станарите не успеале да излезат навреме.

318

 

 

Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во катастрофалниот пожар што синоќа (втроник) избувна во дом за стари лица во Тузла, во североисточна Босна и Херцеговина. Според последните информации на порталот Avaz.ba, бројот на жртви сè уште не е дефинитивен, бидејќи дел од повредените се во критична состојба, а интервенцијата траела со часови.






Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека сите расположливи екипи биле упатени на местото на трагедијата. Пожарот бил локализиран околу 22 часот, но зградата е сериозно оштетена. Пожарникарите во текот на ноќта продолжиле да ја разладуваат конструкцијата и да пребаруваат делови од објектот.

Лекарите на Универзитетскиот клинички центар во Тузла згрижиле најмалку пет лица, од кои повеќето се отруле со јаглерод моноксид. Во болницата постојано пристигнувале возила на итната помош.

Според очевидци, пламенот се проширил многу брзо, а некои од станарите не успеале да излезат навреме. Во моментот на избивањето на пожарот во домот се наоѓале повеќе од дваесетина штитеници и персонал, а најголем дел од нив се евакуирани.

Полицијата ја истражува причината за пожарот, но засега не излегува со официјални податоци. Според неофицијални извори, можна причина е електричен спој или неисправен уред за греење.

Видео од местото на несреќата објави телевизијата N1, на кое се гледаат пожарникари и медицински екипи како извлекуваат луѓе од објектот.

 

 

 

 

🎥 ДРАМА ВО ТУЗЛА, ГОРИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ДОМ, НАЈМАЛКУ 7 МРТВИ Повредени и натаму се изнесуваат

 

Поврзани содржини