ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ПО НАГЛО КОЧЕЊЕ НА АВТОБУС Мајката го пријави возачот на ЈСП, полицијата истражува

Дете повредено во автобус на ЈСП по нагло кочење, мајката го пријавила случајот во полиција, истрагата е во тек.

539

12-годишно момче се здобило со тешки повреди откако паднало во автобус на ЈСП во Скопје, откако возачот ненадејно закочил додека возилото се движело по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Инцидентот се случил на 1 ноември околу 16:45 часот, а детето веднаш било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.






Маjката на детето, 41-годишната М.С. од село Кондово, го пријавила случајот во полиција два дена подоцна, на 3 ноември.

„Случајот е пријавен и се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до повредата на малолетното лице“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини