ДА, СЕ СЛУЧИ НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА, НО НИКОЈ НЕ МЕ СИМНАЛ НАСИЛНО ОД БИНАТА! Цеца го коментираше инцидентот на концертот во Велес

Цеца исто така нагласи дека ѝ е жал поради начинот на кој дел од јавноста и медиумите се однесуваат кон неа по инцидентот во Велес.

2,961

Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ го коментираше инцидентот на концертот кој неодамна го одржа во Велес. Таа ги коментираше бројните реакции на социјалните мрежи, каде што меѓудругото, се тврдело дека нејзиниот настап бил прекинат и дека пејачката со сила била симната од бината.

Цеца ги демантираше овие тврдења.






– Се пласираа лаги дека ми бил прекинат концертот и дека ме симнале од бината. Тоа апсолутно не е точно! Настапив повеќе од два и пол часа. Со чест на исклучоците, но има луѓе што намерно шират глупости. Да, се случи една непријатна ситуација, но јас дадов изјава за тоа и прашањето е завршено – изјави пејачката со видлива лутина.

Цеца исто така нагласи дека ѝ е жал поради начинот на кој дел од јавноста и медиумите се однесуваат кон неа по инцидентот во Велес, но и дека нејзината мисија е музиката да ги обединува луѓето, а не да создава поделби.

Во својата реакција Цеца додаде дека е повеќе од четири децении присутна на музичката сцена, и дека никогаш во животот не дала провокативна изјава со цел да ги повреди колегите од естрадата или фановите.

Цеца предизвика гнев кај македонската јавност откако на концертот се завитка во бугарско знаме, што на сцената и го донесе обожавателка од Бугарија.

Поврзани содржини