ПРИЛЕП ВО МРАК ПОРАДИ СИСТЕМОТ НА МЕПСО Дефект на 110 киловолтен далекувод го остави градот без струја, велат од ЕВН

ЕВН Македонија соопшти дека дефектот што го остави Прилеп и околните места без електрична енергија потекнува од мрежата на МЕПСО, конкретно на 110 киловолтниот далекувод Прилеп–Кавадарци, и ги упати граѓаните за дополнителни информации кон државната компанија.

1,693

Дефектот кој остави поголем дел од градот Прилеп без електрична енергија настанал во делот на мрежата на МЕПСО, а поконкретно на 110 киловолтниот далекувод Прилеп–Кавадарци.

Од ЕВН Македонија појаснуваат дека дефектот не е во нивната дистрибутивна мрежа, туку на високонапонскиот преносен систем, кој е под надлежност на МЕПСО.






– Бидејќи дефектот е настанат на високонапонскиот преносен систем, кој е под надлежност на МЕПСО, замолуваме сите дополнителни информации да ги побарате од надлежната компанија – нѐ информираа од Електродистрибуција.

Претходно, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека поради дефектот на 110 КВ далекувод, без струја се цел Прилеп, дел од селата кон Битола и дел од општината Кавадарци, а екипите се на терен и работат на отстранување на проблемот.

Поврзани содржини