КОЖУВЧАНКА ГО ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМИОТ КАРАВАН „ЕКО АВАНТУРА“ Детска театарска претстава за важноста од пиењето вода и рециклирањето

Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава.

60

Компанијата Кожувчанка, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите.

Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, Кожувчанка ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.






Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.

Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.

Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, Кожувчанка уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.

Поврзани содржини