ЌЕ УДРИМЕ КАДЕ ШТО ГО БОЛИ ПУТИН Зеленски најавува нова фаза од војната
Претседателот вели дека украинските воени лидери разговарале за целите на нападите до крајот на годината, вклучувајќи и „географско проширување“ на операциите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев планира да ги прошири нападите со дронови и ракети на дополнителни региони во Русија.
– Способноста за удари на голема далечина е дел од нашата независност и ќе биде најважна компонента во гарантирањето на мирот – рече Зеленски во своето вечерно видеообраќање.
Тој додаде дека украинските воени лидери разговарале за целите на нападите до крајот на годината, вклучувајќи и „географско проширување“ на операциите.
Ден претходно, Зеленски призна дека постои „технички проблем“ во производството на долгоочекуваните украински крстосувачки ракети „Фламинго“.
Украина повеќе од три и пол години се спротивставува на руската инвазија и во повеќе наврати изведуваше напади длабоко на руска територија, најчесто со беспилотни летала.
Руските власти во саботата соопштија дека спречиле голем украински напад со дронови врз Москва.