СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО НА ЗДРАВИ ТЕМЕЛИ, МНОЗИНСТВОТО ВО СОВЕТОТ ЌЕ ЈА ЗАБРЗА ПРОМЕНАТА Ѓорѓиевски е човекот за чист и модерен главен град, повика ВМРО-ДПМНЕ

Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

136

Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и со резултати, Орце Ѓорѓиевски – со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промените што му се потребни на главниот град, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, поголема координација и побрза реализација на ветените проекти, изградба на нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и ефикасен јавен превоз, додава партијата.

„Истовремено, резултатите од првиот круг покажаа дека СДСМ со освоени околу 26.000 гласови, доживеа сериозен пад и дека граѓаните изгубија довербата во нивното раководство. Наместо да понудат решенија или аргументирана критика, тие продолжуваат по старата, погрешна насока Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, со реални и остварливи ветувања за подобро Скопје. На 2 ноември, изборот е едноставен, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини