НОВИ 1.000 РАБОТНИ МЕСТА И ИНВЕСТИЦИИ ДО МИЛИЈАРДА ЕВРА Мицкоски од Лондон најави револуција во македонската индустрија

Американско-британската компанија „Бурсток“ ќе инвестира во наменската одбранбена индустрија, со планови инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари.

1,504

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно соопшти дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“.

– Денеска потпишавме меморандум за разбирање со компанијата „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Со ова ќе се отворат нови 1.000 високоплатени работни места, а ова е само почеток – објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.






Премиерот истакна дека се очекува инвестициите во воената наменска индустрија во наредниот период да надминат една милијарда долари.

– Компанијата „Бурсток“ има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантските услуги и управувањето со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор – додаде Мицкоски во објавата.

Со овој чекор, Македонија очекува значајно зајакнување на својот индустриски капацитет и отворање на стотици високоплатени работни позиции за домашни стручни кадри, како и приближување кон стратешки инвестициски проекти во одбранбената индустрија.

Поврзани содржини