СДСМ УПОРНО СЕ КОНСОЛИДИРА ВО МАТЕМАТИКИТЕ Пресметале дека со ваков резултат би имале 21 пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ 52

СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот круг, порачува партијата.

1,972

Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција која јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21 – тврди СДСМ во соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа, кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани.






СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат“ – се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Поврзани содржини