ПРЕСВРТ ВО ОСТИН, РЕД БУЛ КАЗНЕТ ВЕДНАШ ПО ПОБЕДАТА Член од тимот се вратил на гридот откако зоната била расчистена

Eден од членовите на тимот се вратил на гридот откако зоната требала да биде расчистена, што може да претставува прекршување на член 12.2.1. од правилникот за безбедно изведување на трката.

621

Познатиот Формула 1 возач Макс Верстапен се радувал на триумф во Остин кога стигнала неочекувана вест: ФИА го повикала тимот на Ред Бул на сослушување поради можни прекршоци со спортскиот кодекс, јави Рејсинг Њуз.

Ред Бул доби глоба од 50.000 евра, јавува Моторспорт. Од таа сума, 25.000 се суспендирани, што значи, нема да бидат изречени доколку тимот не направи слична повреда до крајот на сезоната.






Неофицијално, еден од членовите на тимот се вратил на гридот откако зоната требала да биде расчистена, што може да претставува прекршување на член 12.2.1. од правилникот за безбедно изведување на трката.

 

Иако самата грешкка може да била поврзана со отстранување на трака (маркер) поставена од тимот Мекларе за позиционирање на возачот Ландо Норис, тоа не беше официјалниот прекршок. Прекршокот се базираше на безбедносното нарушување при влегувањето.

Од ФИА потврдиле дека повикот бил испратен веднаш по крајот на трката и најавиле дека дополнителни детали ќе бидат објавени по сослушувањето во просториите на стјуардите.

Ред Бул засега молчи, но исходот би можел драстично да влијае врз поредокот во шампионатот. Во случај на казна, победата би преминала во рацете на возачот на Мекларен, Ландо Норис, со што битката за титулата би добила сосема нов тек.

Поврзани содржини