„ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ИЗБОРИТЕ ВО ПРВИОТ КРУГ“ Павле Трајанов ги повика граѓаните масовно да гласаат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, рече Трајанов.
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги повика граѓаните масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Со тоа, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг. Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила – рече Павле Трајанов.