РУСИЈА ГО ПОВИКА МАСК ДА ГО ГРАДИ ТУНЕЛОТ „ТРАМП – ПУТИН“ ПОД БЕРИНГОВИОТ ПРОТОК Идејата датира од времето на Кенеди и Хрушчов

Дмитриевј оценува дека трошоците  за проектот би изнесувале повеќе од 65 милијарди долари, но технологијата од компанијата „Боринг“ (во сопственост на Елон Маск) би можела да го намали тоа на помалку од 8 милијарди долари.

177

Специјалниот пратеник на рускиот претседател и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, го повика Илон Маск да учествува во изградбата на тунел што би ги поврзал Русија и САД преку Беринговиот Проток.

Дмитриев ги сподели на социјалната мрежа Икс (X) и документите објавени од републиканската конгресменка Ана Паулина Луна, кои се однесуваат на периодот на Џон Ф. Кенеди.






На тие документи е прикажана областа на Алјаска и е нацртан делот што се разгледувал за изградба на „Светскиот мост на мирот Кенеди-Хрушчов“.

„Треба да се изгради мост помеѓу Алјаска и Русија“, се вели во документот.

Пратеникот на Путин во САД нагласи дека во 20 век овој проект можеби бил незамислив, но со денешната технологија, тунел помеѓу двете земји може да се изгради за помалку од осум милијарди долари.

„Илон Маск, замислете поврзување на САД и Русија, Америка и Евроазија со тунелот „Путин-Трамп“, врска што би симболизирала единство“, пишува Дмитриев..

Тој оценува дека трошоците  за проектот би изнесувале повеќе од 65 милијарди долари, но технологијата од компанијата „Боринг“ (во сопственост на Елон Маск) би можела да го намали тоа на помалку од 8 милијарди долари. Според неговата проценка, изградбата на тунелот би можела да трае околу 8 години, а проектот би имал не само економско, туку и геополитичко значење.

„Ајде да ја изградиме иднината заедно“, пишува Дмитриев.

Тој истакна дека Рускиот фонд за директни инвестиции веќе има искуство во слични инфраструктурни проекти, потсетувајќи дека RFPI го финансирал и изградил првиот железнички мост меѓу Русија и Кина.

Тој исто така рече дека заедничките проекти создаваат голем број работни места.

Дмитриев смета дека тоа би бил мост на соработка меѓу Истокот и Западот, но и симбол на нова ера на технолошко единство.

– Тунелот „Путин-Трамп“, кој би имал железничка и товарна врска, овозможува заедничко истражување на ресурсите. Заедничките американско-руски проекти создаваат работни места и ги зајакнуваат економиите. RDIF и нашиот Арктички фонд, заедно со меѓународните партнери, ќе го финансираат тунелот, заштедувајќи милијарди благодарение на ефикасноста на компанијата на Маск – рече Дмитриев.

Дмитриев ги сподели на социјалната мрежа Икс (X) и документите објавени од републиканската конгресменка Ана Паулина Луна, кои се однесуваат на периодот на Џон Ф. Кенеди.

 

Поврзани содржини