ИЛИ СИ КАЈ БОКИ 13 ДОМА ИЛИ НЕ СИ Јовановски објави фотографија од Филипче во фотелја и го нарече „најпослушниот министер на Заев“

Во документарниот филм „Рекет“ Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.

3,813

Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин.

Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.






„Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари“, вели Боки 13 во филмот.

Тој наведува дека Филипче не потпишувал ниту еден документ без да придобие средства.

„Венко не потпишувал никаков акт без да земе пари, ништо како министер за здравство не правел за беспари, што со знаење на Заев што без знаење, што си се криеле еден меѓу друг, здравството е уништено од Венко Филипче“, вели Боки 13.

Тој зборува и за снимените разговори кои ги поседувал Зоран Заев и со кои, како што вели, тргувал.

„Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО во копија. Селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени разговори тргуваше до последниот ден, дали ќе биде тоа закон во прашање, промена на име. Катица Јанева токму за тие снимени разговори имаше предистрага и тогаш беше донесена наредба за истрага која водеше до Зоран Заев“, вели Боки 13.

 

Поврзани содржини