ДАЛИ „РЕЖИМОТ“ ГО СПАСИ ОСМАНИ ОД СВЕДОЧЕЊЕ ЗА „МОНСТРУМ“ И ЗА „ПАЦИЕНТ“? Портпаролот на Вреди во Чаир порачува да не се повторат неправдите
Во истото време кога се водеше случајот „Монструм“, името на Бујар Османи беше спомнато и во друг случај „Пациент“, кој потоа на чуден начин исчезна од вниманието на јавноста, обвинува портпаролот на Вреди во Чаир, Сабри Азири, нарекувајќи ги поранешниот министер и висок функционер од ДУИ „една од фигурите кои биле дел од најголемите неправди направени врз Албанците во Северна Македонија“.
Портпаролот на Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Чаир, Сабри Азири, остро реагираше на ставовите и постапките на поранешниот министер Бујар Османи, нарекувајќи го една од фигурите кои биле дел од најголемите неправди направени врз Албанците во Северна Македонија, меѓу кои и познатиот случај „Монструм“, наведува ВРЕДИ во соопштение.
– Постои рана што времето не ја затвора. Постои болка што ниеден збор не ја лечи. „Монструм“ е токму една од тие болки. Случај кој не е само дел од судските досиеја, туку дел од нашите животи и од страдањето на обични луѓе кои се соочија со неправедна држава и со систем кој си поигруваше со нивните судбини. Наместо да побара прошка за сѐ што направил, Бујар Османи денес повторно излегува пред луѓето со иста ароганција – не за да
им се извини на тие што ги измами и ги остави на цедило, туку за да бара гласови, како ништо да не се случило.А потоа се случи она што секогаш се
случува, кога некој во тишина ѝ служи на власта, власта во тишина го наградува – изјави Азири.
Според него, во истото време кога се водеше случајот „Монструм“, името на Османи беше спомнато и во друг случај „Пациент“, кој потоа на чуден начин исчезна од вниманието на јавноста.
– Во истиот период, друг случај, случајот „Пациент“ ја потресе јавноста, но името на Бујар Османи едноставно исчезна, како некој намерно да го избришал. Без глас. Без објаснување. Без одговорност. Ниту истрага, ниту јавно прашање, ниту извинување. Како никогаш да не постоел. Дали беше случајност… или награда за „соодветното сведочење во вистинскиот момент“? Денес зборувам како човек што ја почувствувал тежината на неправдата. Зашто кога едно семејство ќе се судри со државата, а државата молчи, таа тишина е потешка од која било судска пресуда – нагласи Азири.
Тој додаде дека е неприфатливо политичар кој бил дел од тие неправди денес да бара доверба и гласови од граѓаните на Чаир.
– Може ли да му се верува на некој што никогаш не побарал прошка? Немам намера никому ништо да одземам. Сакам само никој да не го преживее тоа што ние го преживеавме. Сакам Чаир со свои очи да го види човекот кому не му е гајле за чаирчани, затоа што јасно покажа дека Чаир го користел само како трамплин за политичка кариера, со над 10 години министерски функции. Оваа категорија луѓе, како Бујар Османи, кои одобруваат затворање на Албанци, не избираат методи и средства само за да ја задржат власта или да дојдат до неа.Т оа за мене е неподносливо и тоа повеќе не поминува! – потенцираше портпаролот на ВРЕДИ во Чаир, Сабри Азири.
Азири апелираше граѓаните на Чаир да не дозволат неправдите од минатото да се повторат и порача дека коалицијата ВРЕДИ ја претставува промената и достоинството што Албанците го заслужуваат.