„НОБЕЛОВИОТ КОМИТЕТ ТЕРА ПОЛИТИКА, НИКОЈ НЕМА СРЦЕ КАКО ТРАМП“ Белата куќа негодува за одлуката за наградата за мир

Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никој нема да биде како него, нагласил протпаролот на Белата куќа, додавајќи дека Нобеловиот комитет „ја жртвува правдата за симболика“.

408

Белата куќа остро реагирала по веста дека Нобеловиот комитет ја доделил наградата за мир на венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо, наместо на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Портпаролот Стивен Чунг изјавил дека комисијата „ја ставила политиката пред мирот“.






– Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никој нема да биде како него – нагласил Чунг, додавајќи дека Нобеловиот комитет „ја жртвува правдата за симболика“, јави Си-Ен-Ен.

Понатаму, аналитичарите потсетуваат дека американскиот лидер веќе еднаш бил номиниран во 2021 година заради посредништвото во блискоисточните договори меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, но наградата тогаш ја добила Програмата за светска храна на Обединетите Нации.

Исто така, овогодишната одлука на Комитетот повторно ја отворила старата дебата околу критериумите на Нобеловиот комитет. Според официјалните правила, номинациите се затвораат секоја година на крајот на јануари.

Од друга страна, уште не е познато дали добитничката на наградата, Марија Мачадо Корина, физички ќе присуствува на доделувањето. Таа повеќе од една година се крие поради безбедносни закани.

Корина, која со години е симбол на отпорот против режимот на Николас Мадуро, станала првата Венецуелка што ја добила оваа награда. Врховниот суд на Венецуела ја дисквалификувал во јануари 2024 година од политички живот за 15 години, поради, како што се наведува, „коруптивни практики“.

 

Поврзани содржини