САНКЦИИТЕ КОН НИС НЕ ЈА ЗАСЕГААТ МАКЕДОНИЈА Од Србија увезуваме помалку од 1% од нафтата

Најголем дел (скоро 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, покажуваат извештаите на Регулаторна комисија.

806

Санкциите на САД врз НИС нема да влијаат врз пазарот на нафта во земјава, затоа што најголем дел (скоро 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, додека од Србија се увезува помалку од 1%, одговорила Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ) на прашање на Локално.мк.

Согласно Годишниот извештај за 2024 година трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави, при што најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави: и тоа од Грција 85,98%, од Бугарија 10,49%, Албанија 2,27%, Србија 0,96%, Црна Гора 0,15%, Романија 0,09% и мал процент на увоз од други земји“, одговориле од РКЕ.






Од вчера во сила се американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради мнозинската руска сопственост во компанијата. Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни резерви на нафта за преработка, а бензинските станици се соодветно снабдени.

НИС е најголема енергетска компанија во Србија, контролира повеќе од 80 отсто од пазарот на нафтени деривати, со единствена рафинерија во Панчево и преработува сурова нафта што во најголем дел доаѓа од Русија, преку Хрватска или Унгарија.

Хрватска е директно засегната бидејќи голем дел од увозот на нафта за НИС оди преку државниот Јадрански нафтовод, поради што само до 31 декември Хрватска ќе загуби 18 милиони евра.

Поврзани содржини