СТРУМИЧАНИ ШАМПИОНИ ВО ВОЗЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА Од јануари до септември казнети се 18.458 возачи без возачка
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжува и во наредните денови, информираат од полицијата и апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Над 18.000 возачи се казнети досега годинава затоа што возеле без возачка дозвола, најмногу во Струмица, информира полицијата.
„Во периодот од 1.1.2025 година заклучно со минатиот месец, во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без притоа да имаат возачка дозвола. Најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на Струмица и на Скопје, 3.275 и 3.202 прекршоци. На територијата на СВР Битола се санкционирани 2.811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2.086 мерки, а во СВР Куманово се санкционирани 1.660 возачи за управување без возачка дозвола“, соопшти полицијата.
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој временски интервал изречекла 1.634 мерки за возачи кои учествувале во сообраќајот спротивно одредбите во членот 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возеле без возачка дозвола.
Во Велес за овој прекршок се казнети 1.466 возачи, во Штип 1.238, а во Охрид 1.086.
„Во првата недела од октомври се констатирани се 373 прекршоци за учество во сообраќај без возачка дозвола. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа сите да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта за сите нас“, апелира полицијата.