ДУИ ЗЛОУПОТРЕБУВА СЕМЕЕН КОНФЛИКТ ЗА ПОЛИТИЧКА КОРИСТ И ПОТТИКНУВА ТЕНЗИИ Никаков политички атентат не се случи во Куманово, реагира Вреди

Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека некој работи против нив. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови, реагира Вреди.

889

Коалицијата Вреди реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на Националната алијанса за интеграција во Липково, Зеќирија Шаини, соопшти Вреди.

Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт среде изборна кампања, се додава во соопштението.






„Но, случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен политички атентат“, реагира Вреди.

ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки, но тоа не помина, се додава во соопштението.

„Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека некој работи против нив. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот. Вреди јасно стои на ставот дека безбедноста на граѓаните е одговорност на институциите, а не тема за кампања“, се вели во реакцијата на Вреди.

 

УАПСЕНА СОПРУГАТА НА РАНЕТИОТ ДОКТОР Жената се сомничи дека нарачала да го убијат Шаини во Куманово

Поврзани содржини