ЧЕТВОРИЦАТА МАЛТЕЖАНИ СЕ УДАВИЛЕ, ПАДОТ ОД КАРПА НЕ БИЛ ФАТАЛЕН Се расветлува трагедијата кај Сењ, Хрватска

Причината за смртта е исклучиво давење, без знаци на здравствени проблеми или друг надворешен фактор кој би го предизвикал падот во море.

2,146

Обдукцијата на четворицата Малтежани, кои во саботата навечер излетаа со автомобил во Јадранското Море кај Сењ, Хрватска, покажала дека причината за нивната смрт е давење. Според медицинските наоди, жртвите имале само помали повреди од падот кои не ја предизвикале смртта.

Загинатите се две брачни двојки: Џереми и Лорен Гамбин, како и Кевин и Александра Боничи, сите на возраст од 66 до 68 години. Првичните резултати покажуваат дека кај возачот не е утврдено никакво здравствено нарушување што би предизвикало несреќата.
Според досегашните информации, автомобилот Ленд Ровер Дискавери со загрепски регистарски таблички се движел од Ријека кон Сењ. На влезот во благиот лев свиок, возилото неочекувано свртело в десно, удрило во заштитни столбови и излетало во провалија длабока околу 70 метри, завршувајќи во море на длабочина од 11 до 12 метри.






Во спасувачката акција учествувал нуркачки тим, но за жал, на жртвите веќе не можело да им се помогне.

Министерството за надворешни работи на Малта потврди дека жртвите се државјани на Малта и изрази сочувство до нивните семејства. Малта е во контакт со хрватските власти за организирање на транспортот на телата назад во земјата.
Оваа трагедија ја потресе и Малта и Хрватска, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности околу несреќата. Обдукцијата ја извршија експертите во Ријека, кои потенцираа дека причината за смртта е исклучиво давење, без знаци на здравствени проблеми или друг надворешен фактор кој би го предизвикал падот во море.

 

ИЗЛЕТАЛЕ ВО МОРЕТО ОД КЛИСУРА ВИСОКА 70 МЕТРИ! Четири жртви на страшна сообраќајка во Хрватска

Поврзани содржини