РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ПОДГОТВЕНА ЗА СРЕДБАТА ВО ГЕНТ Миовски испраќа јасна порака пред дуелот со фаворитот

Ги знаеме слабите страни на Белгија, ќе играме како тим и ќе ја имаме поддршката на навивачите, рече Бојан Миовски.

473

Македонската фудбалска репрезентација интензивно се подготвува за квалификацискиот дуел против Белгија, со мини подготовки што се одвиваат на комплекс терените на Фудбалската федерација на Македонија. Атмосферата меѓу играчите е одлична и сите се фокусирани на следниот важен натпревар.

– Знаеме против каква репрезентација играме. Се наоѓаме во последната фаза на квалификациите и покажавме дека знаеме да играме фудбал, што нè донесе до првата позиција во групата. Но, работата сè уште не е завршена. Не само дуелот со Белгија, туку и последните натпревари против Казахстан и Велс се од голема важност за нашата репрезентација. Првиот натпревар е против Белгија и ги познаваме нивните слабости. Ќе имаме поддршка од нашите навивачи, па гледачите ќе уживаат во одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, со играчи кои настапуваат во топ пет лиги, но ние играме како тим и тоа го докажавме – изјави напаѓачот Бојан Миовски.






Нашата репрезентација утре ќе отпатува за Белгија, а натпреварот се игра во Гент во петок со почеток во 20:45 часот.

Поврзани содржини