ПРИВЕДЕНА ЖЕНА СО 2,48 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ Кичевката вознемирувала случајни минувачи

39-годишната Ј.С.Т. од Кичево беше приведена откако под дејство на алкохол агресивно се однесувала со случајни минувачи на улицата Пролетерски бригади.

256

39-годишната Ј.С.Т. (39) од Кичево вчера била приведена откако била пијана и агресивно се однесувала со случајните минувачи.

Полицијата добила пријава вчера во 17:40 часот за нарушување на јавниот ред и мир на улицата Пролетерски бригади.






При преземање на мерките, полицијата констатирала дека жената била под дејство на алкохол, при што измерени ѝ се 2,48 промили алкохол во крвта.

Од страна на полицијата беше соопштено дека по целосно документирање на настанот, против Ј.С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини