110 КИЛОМЕТРИ ТОПЛИФИКАЦИЈА ВО АЕРОДРОМ Митески со парно во три населби ќе го решава греењето, но и загадувањето
Проектот ќе ги опфати Горно и Долно Лисиче, како и населба Лисиче , а со тоас е решава долгогодишен проблем со затоплувањето и загадувањето.
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, од населеното место Горно Лисиче го најави проектот за изградба на 110 километри топлификациска мрежа, кој ќе ги опфати Долно Лисиче, Горно Лисиче и населбата Лисиче.
– Со овој проект решаваме еден децениски проблем. Тоа не е само прашање на затоплување на домовите, туку и на намалување на загадувањето на воздухот во зимскиот период – истакна Митески.
Од партијата нагласуваат дека изградбата на топлификациската мрежа ќе значи подобрување на квалитетот на животот и ќе обезбеди поекономично и еколошко греење за илјадници жители во овој дел од општината.
– Градиме инфраструктура согласно потребите на граѓаните. Нашата цел е секое домаќинство да има пристап до модерна и одржлива енергетска мрежа – додаде Митески.
Проектот се очекува да започне веднаш по формирањето на новиот општински совет и ќе се реализира во повеќе фази, со цел брза и квалитетна изведба на топлификациската мрежа.