ПОДДРШКА ОД АВСТРИЈА И ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич

Секако дека сме поддржувачи на дијалогот. Австрија го поддржува процесот на пристапување во ЕУ и ќе поддржиме сè што е потребно за да видиме опипливи резултати во преговорите, вели австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм.

232

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Скопје и Софија, кој македонската Влада го најавува дека ќе се случи по изборите, односно по Нова година.

Плаколм и Грашич денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одговорајќи на новинарско прашање за најавените разговори и дали нивните земји ќе се обидат да ја убедат Софија да разговара, нагласија дека во секој случај тие се силни поддржувачите на дијалогот.






– Секако дека сме поддржувачи на дијалогот. Австрија го поддржува процесот на пристапување во ЕУ и ќе поддржиме сè што е потребно за да видиме опипливи резултати во преговорите – нагласи Плаколм.

Додаде дека не само во врска со Македонија или Западен Балкан, туку воопшто, Австрија смета дека билатералните прашања треба да се дискутираат и да се решаваат билатерално, а кога станува збор за проширувањето на ЕУ, членките треба да зборуваат во еден глас.

– И затоа сметаме дека токму квалификуваното мнозинство за одлуки во преговарачкиот процес ќе помогне во тоа – додаде Плаколм.

Грашич се надворза дека билатерализацијата на процесот на проширување е секако загрижувачка.

Таа нагласи дека процесот не смее да се блокира со билатерани прашања, бидејќи и на самата ЕУ ѝ се потребни и членките, но и кандидатките, поради сменетата геополитичка состојба и поради безбедноста.

– Секоја рамка, секој дијалог, кои ќе ги поттурнат Северна Македонија и Бугарија ги поздравуваме и ги поддржуваме – рече таа и изрази задоволство што и Советот на ЕУ и претседателот Антонио Кошта, како и Европската комисија изразиле подготвеност за тоа.

Поврзани содржини