БИЛ ПРЕТЕПАН ДО СМРТ? Македонец пронајден мртов во Љубљана

Наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е официјално соопштена.

2,489

На улица во Љубљана во петокот бил пронајден мртов човек, кој по анализите и истрагата, е идентификуван како 38-годишен маж од Македонија, соопшти словенечката полиција

– Пронајденото безживотно тело, кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија – потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана Шпела Шкопорц.






Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.

– Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди – најави портпаролката.

Поврзани содржини