САМО НЕКОЛКУ ЧАСА БЕШЕ НА ЧЕЛО НА ВЛАДАТА Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка, Макрон ја прифати

Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства.

220

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата.

Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати.






Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција ДПА.

Како резултат на тоа, се појавија шпекулации за можно повлекување на конзервативците од коалицијата со центристичкиот табор на Макрон, кој нема парламентарно мнозинство.

Лекорну требаше утре да даде владина изјава пред Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание и да ги открие преостанатите позиции во кабинетот.

Поврзани содржини