„ЌЕ ЈА БРАНИМЕ КУЌАТА ШТО ЈА ГРАДИМЕ ИЛИ ЌЕ ГЛЕДАМЕ КАКО ЈА РУШАТ“ Филипче повика на мобилизација за локалните избори

Лидерот на СДСМ рече дека борбата за „нашиот дом не се само локална и не е само политичка“, туку за достоинство да се живее од својата работа.

149

Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија, повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.

– Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж – реле Филипче.






Тој рече дека СДСМ настапува со чесни и посветени луѓе.

-Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него. Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед – рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.

Поврзани содржини