ИСПОРАКАТА НА „ТОМАХАВК“ ЌЕ ГИ УНИШТИ ОДНОСИТЕ НА РУСИЈА СО САД Путин испрати предупредување до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека употребата на овие ракети во Украина би била невозможна без директно учество на американските трупи.

467

Испораката на американските ракети „томахавк“ на Киев би ги уништила позитивните трендови што се појавија во односите меѓу Русија и САД, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Имаше прашања поврзани, на пример, со дискусијата за проблемите со испораките на нови системи за оружје, вклучувајќи ги и системите „томахавк“ со долг дострел и висока прецизност и така натаму. Веќе реков дека ова ќе доведе до уништување на нашите односи, барем на позитивните трендови што се појавуваат во тие односи – рече Путин во интервју за телевизијата Росија 1.






Путин претходно изјави дека доколку Киев почне да користи ракети „томахавк“, тоа би ги оштетило односите меѓу Русија и САД.

Тој истакна дека употребата на овие ракети во Украина би била невозможна без директно учество на американските трупи.

Претходно, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, за „Фокс њуз“ изјави дека администрацијата на Трамп ја разгледува можната испорака на крстосувачки ракети „томахавк“ на Украина, но дека конечната одлука е на американскиот претседател.

Поврзани содржини