БУЏЕТОТ НА САД БЛОКИРАН, КИЕВ СТРАВУВА „Томахавките“ и ветената помош ставени на чекање

Меѓу загрозените пакети е и 500 милиони долари тежок договор, одобрен минатиот месец со пари од НАТО, прв откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Засега не е јасно дали и тој ќе биде одложен, пишува британски „Телеграф“.

325

Киев предупредува дека испораките на оружје од САД може сериозно да задоцнат поради блокадата на администрацијата во САД, во момент кога руските напади стануваат невидено жестоки, јави британски „Телеграф“.

Затворањето на американската влада предизвикало блокада на сите разговори за воена помош, а украински делегации веќе ги откажуваат посетите во Вашингтон, се вели во статијата.






– Не гледам како ќе продолжиме. Имаме многу тековни дискусии за идни испораки, а сега сè е закочено – изјавил висок украински извор за британскиот весник.

Меѓу замрзнатите теми е и потенцијален договор вреден милијарди за споделување на технологија за дронови. Украина нуди експертиза, САД возвраќаат со надомест. Сепак, состаноците пропаднале по наредбата федералните вработени да останат дома.

Меѓу загрозените пакети е и 500 милиони долари тежок договор, одобрен минатиот месец со пари од НАТО, прв откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Засега не е јасно дали и тој ќе биде одложен.

– Други украински делегации кои требаше да дојдат наскоро веќе ги ревидираат своите планови – потврдил истиот извор.

Од друга страна, шефот на САД Доналд Трамп неодамна направи неочекуван зафат во политиката кон Киев. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на Обединетите Нации, тој изјавил дека Украина може да ја врати целата своја територија.

Во истата пригода, Зеленски побарал Томахавк ракети за да се изврши притисок врз Путин.

Потпретседателот Џеј Ди Венс рекол дека Белата куќа „разгледува“ ваква можност, а специјалниот претставник Киф Келог бил уште поексплицитен:

– Ако го читате она што го кажал Трамп, и тоа што го рече потпретседателот Венс, тогаш одговорот е да. Треба да се користи можноста за удари во длабочината на Русија – изјавил Келог за Си-Ен-Ен.

Но сега, со паузирани преговори и блокирана бирократија, растат грижите во Киев.

– Во моментов, гледаме руски напади со невидена жестокост. Украина мора постојано да добива ново оружје за да може да се одбрани – изјави Јуриј Бојечко, извршен директор на невладината организација „Надеж за Украина“.

„Додека Путин ја ескалира војната против Украина и Европа, ова затворање на владата праќа многу лош сигнал. Тој може да ја загрози и европската безбедност, бидејќи и Европа и Украина во голема мера зависат од американско оружје“, додаде Бојечко.

Поврзани содржини