АЕРОДРОМЦИ ЗАДОВОЛНИ ОД МИТЕСКИ Анкетите покажува предност од три пати пред Трајановски

Митески ужива поддршка од 29,4% од граѓаните, додека Трајановски има 11,0%. Тесно зад нив се наоѓа кандидатот на Левица, Марјан Димитриев, со 10,8% поддршка, а 3,2% од испитаниците го поддржуваат некој друг кандидат.

548

Според најновата анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, ја води трката со убедлива предност пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски.

Анкетата, спроведена за потребите на МРТ, покажува дека Митески ужива поддршка од 29,4% од граѓаните, додека Трајановски има 11,0%. Тесно зад нив се наоѓа кандидатот на Левица, Марјан Димитриев, со 10,8% поддршка, а 3,2% од испитаниците го поддржуваат некој друг кандидат.






На прашањето за веројатноста за излегување на гласање, 42,3% од граѓаните одговориле дека ќе гласаат сигурно, 7,7% сметаат дека најверојатно ќе учествуваат, додека 2,6% се изјасниле дека најверојатно нема да гласаат. Значителен дел, 28,6%, не се изјасниле за ова прашање.

Меѓу двајцата главни кандидати, Дејан Митески има предност од 32,3% споредено со 12,4% поддршка за Александар Трајановски. Овие бројки го потврдуваат очигледниот водечки тренд на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Поврзани содржини