ИЗГОРЕА МАГАЦИНИ НА СТРУМИЧКИ КОМУНАЛЕЦ Големиот пожар едвај го угасија 15 пожарникари
Еден од тимовите, и покрај дождот, успеал да го отвори лимениот покрив за да се овозможи излегување на чадот.
Во кругот на ЈП Комуналец во Струмица вчера околу 17:25 часот избувна голем пожар во магацински објекти. На терен интервенираа четири противпожарни возила и 15 пожарникари-спасители кои се соочија со исклучително тешки услови за гаснење, пренесуваат локалните медиуми.
Поради опасност од електричен удар, било побарано исклучување на струјата од страна на ЕВН. Еден од тимовите, и покрај дождот, успеал да го отвори лимениот покрив за да се овозможи излегување на чадот и подобри видливост во внатрешноста на објектот. Пожарот е локализиран и угасен, но протицвпожарна екипа сè уште дежура на терен. Причинета е голема материјална штета, а причините за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдуваат.