📷 📽️ ФИФА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА ТОПКА ЗА МУНДИЈАЛОТ „Трионда“ ќе биде симбол на Светското првенство 2026
ФИФА ја претстави официјалната топка „Трионда“ за Светското првенство 2026, инспирирана од симболите на САД, Мексико и Канада, со вграден сензор за ВАР системот.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) синоќа во Њујорк ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година, кое за првпат во историјата ќе има три домаќини – САД, Мексико и Канада.
Топката носи име „Трионда“, а повторно е дизајнирана од германскиот гигант Адидас, кој уште од Мундијалот во 1970 година е официјален партнер на ФИФА.
„Воодушевен сум и горд што ја претставувам ‘Трионда’“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на промоцијата.
View this post on Instagram
Ова првенство ќе биде најголемото досега – со учество на 48 репрезентации, што беше инспирација и за името и дизајнот на топката. „Трионда“ е обоена во црвена, сина и зелена боја, а на неа се истакнати симболите на трите земји-домаќини: јаворовиот лист на Канада, мексиканскиот орел и ѕвездите на САД.
Посебно внимание привлекува вградениот чип со сензор, кој ќе испраќа информации за движењето на топката директно до ВАР системот. Ова претставува голем чекор во модернизацијата на светскиот фудбал.
View this post on Instagram
Светското првенство во фудбал 2026 ќе се игра од 11 јуни до 19 јули, а жрепката за групите е закажана за 5 декември во Вашингтон.