ФИЛИПЧЕ ПОВТОРНО ВИТКА КИЧМА ПРЕД БУГАРИЈА Лидерот на СДСМ е спремен на сè за фотелјата на Бихаќка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека резолуцијата со „црвени линии“ е само параван за ново тргување со македонските национални интереси.

738

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче повторно водат преговори на штета на македонските национални интереси и дека зад таканаречените „црвени линии“ се крие ново понижување на државата.

„СДС и Филипче еднаш веќе му подметнаа на народот француски предлог, а сега повторно се пазарат со Бугарија за да си ги сочуваат фотелјите. Тие испраќаат сигнали до Софија дека се подготвени да направат сѐ, само за да дојдат на власт“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата велат дека Филипче ја користи резолуцијата со „црвени линии“ како параван за, како што велат, ново предавство.

„Резолуцијата не е патриотски чин, туку маска позади која се преговара и се тргува. Македонија дополнително се потчинува и понижува. Народот памети и нема да дозволи повторно да биде изигран“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението директно се повикува Филипче да каже што разговарал со бугарските претставници.

„Филипче треба јавно да каже што договорил во четири очи со Бугарија. Што ветил на Софија, за што се испазарил и која е цената што Македонија ќе ја плати?“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека, според нив, Филипче ја продолжува политиката на неговиот ментор Зоран Заев и Бујар Османи.

„Очигледно е дека Филипче сака да ја доврши работата која ја започнаа Заев и Османи, а тоа е распродажба на македонските национални интереси“, стои во соопштението.

Од владејачката партија уверува дека таа останува единствениот гарант за заштита на државата.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде уценувана и понижена. Време е за вистинскиот избор – со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршува соопштението.

Поврзани содржини