„ОПАСНА Е НЕПРИНЦИПИЕЛНАТА КОАЛИЦИЈА НА ДИМЧЕ И АЛИ“ Зошто Левица нема кандидат во Велес, а има во Струга, праша Мицкоски

Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што, апсолутно, немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како Тетово, како Гостивар и Струга, рече на денешниот митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски..

177

На отворена сцена се гледа една непринципиелна коалиција помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна, рече на денешниот митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– На отворена сцена гледаме како има една непринципиелна коалиција, која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција што ја направија ДУИ и политичката партија Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од таканаречената Шарена или обоена револуција кога уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, кога уриваа држава. Ги видовме понатаму како добиваат скапо платени хонорари од СЈО, последно време сведоци сме како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи коишто ги имаат – рече Мицкоски.






Тој се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото кога на собраниската говорница му се обрати на Димче Апасиев и му рече, „пред едни избори, нели јас и ти се договоривме јас да ти обезбедам ресурси, јас да ти обезбедам средства за да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а потоа после изборите да бидеме заедно во коалиција“ и да ја спасувале, како што тој кажа, Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан, на што Апасиев ја наведна главата и си замина од собраниската сала.

– Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што, апсолутно, немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како Тетово, како Гостивар и Струга. Ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидираа кандидат за градоначалник во родниот град на Димче, во Велес или пак во родниот град на вториот по важност во Левица, Крмов, во Штип. Одговорот е многу едноставен. Тие се таму прокси улога на потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат анти ДУИ, анти Али гласовите, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ – посочи Мицкоски.

Затоа, повика Мицкоски, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

Поврзани содржини