„СОЛЕНИ“ ЦЕНИ ЗА МУНДИЈАЛСКОТО ФИНАЛЕ Еве колку ќе чини ако во живо го гледате новиот светски шампион

ФИФА објави цени на билетите за сите категории за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

110

ФИФА објави дека најскапите билети за финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе чини над 6.000 долари, пренесува „The Athletic“.

Турнирот следното лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а продажбата на билетите почнува преку лотарија. Добитниците на лотаријата веќе биле известени или наскоро ќе бидат известени по е-пошта. За учество биле поднесени околу 4,5 милиони апликации.






Навивачите ќе можат да купат билети во четири категории. За натпреварите од групната фаза, со исклучок на оние во кои настапува репрезентацијата на САД, најскапите билети ќе бидат на стадионите во Инглвуд, Сан Франциско и Њу Џерси.

Цени за билети за групната фаза:

Категорија 1: од 410 до 620 долари

Категорија 2: од 310 до 465 долари

Категорија 3: од 140 до 215 долари

Категорија 4: од 60 до 105 долари

Цени за финалето во Њу Џерси:

Категорија 1: 6.730 долари

Категорија 2: 4.210 долари

Категорија 3: 2.790 долари

Категорија 4: 2.030 долари

За првиот натпревар од турнирот во Мексико, цените на билетите се движат од 745 долари во Категорија 3 до 1.825 долари во Категорија 1.

ФИФА очекува огромен интерес од навивачите, со оглед на тоа што турнирот ќе се одржи во три земји и ќе понуди спектакуларни натпревари со најдобрите светски репрезентации.

Поврзани содржини