🎥 КИТ УРБАН ЈАВНО ЈА ПОНИЖИ НИКОЛ КИДМАН Пејачот на настап го смени текстот на песната напишана за неговата жена

На неодамнешен настап, Кит Урбан го смени текстот на песната која ја напиша за Никол Кидман, такашто сега зборува за друга жена, и тоа, за неговата музичарка Меги Брау која му се придружи на турнејата.

765

Музичарот Кит Урбан се најде на удар на социјалните мрежи откако го смени текстот на неговата песна од 2016 година „Fighter“, која првично ја напиша од љубов кон неговата сопруга Никол Кидман од која сега се разведува.

На неодамнешен настап, пејачот го смени текстот за да зборува за друга жена, за неговата музичарка Меги Брау, која му се придружи на турнејата.






Публиката веднаш ја забележа промената, а видеата од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи. Многу обожаватели го критикуваа Урбан и го нарекоа тоа „недостаток на почит“ кон Никол.

– Таа песна беше за Никол, за нивната љубов. Да ја промени сега и да ја посвети на друга жена е навреда – коментираа обожавателите на X (порано Твитер).

Само еден ден претходно, на 30 септември, Никол Кидман поднесе барање за развод во судот во Нешвил, со што заврши нивниот 19-годишен брак. Веста дојде во услови на растечки гласини за неверство што циркулирале во Нешвил со месеци.

Иако ниту Кидман ниту Урбан сè уште јавно не коментирале за шпекулациите, нивните обожаватели продолжуваат внимателно да го следат секој потег на славната двојка, а промената во текстот на песната само поттикна сомнежи и дебати.

Поврзани содржини