ЌЕ СЕ ОБНОВИ АВИОЛИНИЈАТА СКОПЈЕ – ДОХА Стојаноски се сретна со претседателот на Катарските воздухопловни власти
Оваа линија за Македонија е од големо значење од аспект на развој на економијата, трговијата, туризмот, како и олеснувања за македонските патници, кои Доха би ја користеле како конектирачка точка за нивните патувања до останатите држави на Блискиот Исток, и летови до Азија, Австралија и Нов Зеланд.
Повторно воведување на директна линија помеѓу Скопје и Доха побарал директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски на средбата со претседателот на Катарските воздухопловни власти, Mohamed Faleh Al-Hajri.
Средбата, како што соопшти АЦВ, се реализирала на маргините на Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во Монтреал.
– Оваа линија за Македонија е од големо значење од аспект на развој на економијата, трговијата, туризмот, како и олеснувања за македонските патници, кои Доха би ја користеле како конектирачка точка за нивните патувања до останатите држави на Блискиот Исток, и летови до Азија, Австралија и Нов Зеланд – велат од АЦВ.
На средбата, се разговарало и за пловните власти разговараа и за продлабочување и унапредување на билатералната соработка во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на искуства, тренинг и обуки, взаемна помош и поддршка во процесите за оспособување на воздухопловен персонал, можност за студиски посети и обуки на работно место (OJT) и користење на најдобрите искуства во насока на зголемување на безбедноста во цивилното воздухопловство.
– Средбата уште еднаш ги потврди, исклучително пријателските односи меѓу двете земји и во духот на пријателството директорот Стојаноски ја потврди поддршка на Македонија, за кандидатурата на Катар за членство во Дел III на Советот на ICAO – велат од АЦВ.