ОБВИНИТЕЛСТВОТО АНАЛИЗИРА 250.000 ПОДАТОЦИ ОД ТЕЛЕФОНОТ НА ДИМИТРОВСКА Почна судењето против екс претседателката на Антикорупциската комисија

Според обвинението, на Димитровска ѝ се става на товар оддавање службена тајна на екс директорот на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“, Небојша Стојановиќ, како и за тоа дека се здобила со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации откако ревизорот Миле Столевски во Државниот завод за ревизија го положил испитот во нејзино име.

266

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето против поранешната претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Според обвинението, на Димитровска ѝ се става на товар оддавање службена тајна на екс директорот на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“, Небојша Стојановиќ, како и за тоа дека се здобила со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации откако ревизорот Миле Столевски во Државниот завод за ревизија го положил испитот во нејзино име.






Според одбраната на Димитровска, адвокат Владимир Туфегчиќ, тестот не бил клучен елемент за добивање на сертификат државна тајна, туку проверките на АНБ и дека за таа цел предложиле да сведочат претставници на АНБ и на ДКСК. А податоците што му ги давала на обвинетиот Стојановиќ биле јавно достапни.

– Очекувам за Татјана Димитровска ослободителна пресуда, тоа е сè што можам да кажам во овој момент, бидејќи во меѓувреме доставивме докази, кои целосно го дискредитираат обвинението против неа. Тоа се докази од Антикорупциска, извештај од 30 јули 2025 година, со кој се потврдува тезата на одбраната дека не е остварено законско битие на кривичното дело Одавање на службена тајна – рече Туфегџиќ по денешното рочиште.

Обвинителка од ОЈО ГОКК Наташа Поп Трајкова изјави дека од телефонот на Татјана Димитровска се екстрахирани околу 250.000 записи и дека при крај е и анализата.

– Паралелно додека се врши анализата на податоците од телефонот, Обвинителството презема и други дејствија согласно закон, како прибавување на потребни податоци од сите надлежни институции и сослушување на сведоци по однос на одредени индиции коишто произлегуваат од овие податоци – рече обвинителката Поп Трајкова.

Во случајот ќе ѝ се суди и на раководителката од ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мантева и на ревизорот Миле Столевски, додека постапката за Борче Најдов ќе продолжи во склоп на случајот „Адитив“. Обвинителството бараше спојување со тој предмет и за другите обвинети, но Судот го одби предлогот.

Татјана Димитровска во април годинава стана дел од проширената истрага за случајот „Адитив“, а во јули ОЈО ГОКК соопшти дека таа е обвинета и за уште едно кривично дело при добивање сертификат за положен испит. Димитровска кон крајот на јули годинава поднесе оставка од функцијата претседател на ДКСК.

Поврзани содржини