МУРИЊО НЕ БИЛ ВЕЌЕ СИН – ЦРВЕН БИЛ! Тренерот на Бенфика очекува победа против Челси

Кога велам дека не сум „син“, мислам на работата што треба да ја завршам тука - изјави Мурињо за официјалната веб-страница на УЕФА.

47

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Челзи, изјави дека очекува победа против својот некогашен клуб.

– Веќе не сум „Син“. Сега сум „Црвен“ и сакам да победувам. Секако, секогаш ќе бидам „Син“. Јас сум дел од историјата на овој клуб, а Челси е дел од мојата. Му помогнав на овој клуб да расте, а Челси ми помогна мене да растам. Кога велам дека не сум „син“, мислам на работата што треба да ја завршам тука – изјави Мурињо за официјалната веб-страница на УЕФА.






Натпреварот Челси – Бенфика ќе се игра вечер од 21 часот.

И двата тима во првото коло загубија па ова е можност да дојдат до први бодови сезонава во елитното фудбалско натпреварување. 

Поврзани содржини