МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ, ОСОБЕНО ЗА МЛАДИТЕ Предизборни средби на Димитриевски со кумановци

Секој разговор е инспирација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Заедно со мудроста на постарите генерации и свежите идеи на младите, градиме иднина дома – во наше Куманово, вели кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

32

 

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари повеќе значајни средби и активности со цел уште еднаш да ја потврди посветеноста кон сите категории граѓани.






На средбата со членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав во Куманово, Димитриевски ја истакна нивната мудрост и искуство како темел врз кој се гради посилно и побезбедно Куманово.

– Горд сум на нивниот активизам и придонес во заедницата и подготвен сум заедно да продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас – нагласи тој.

Посебно место во денешните активности имаше средбата со младите од Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, ОО Куманово.

– Енергијата и ентузијазмот што ги носат младите се вистински ветар во грб и мотив за мене. Ветувам – ќе обезбедиме можности и услови за младите, затоа што тие се енергијата што го движи овој град напред – рече Димитриевски.

Тој се сретна и со жителите на Умни Дол, Железничка и Ново Село и ги слушна нивните предлози и потреби.

Денот заврши со мини митинг пред Пожарна, каде Димитриевски уште еднаш ја потенцираше важноста на директната комуникација со граѓаните.

– Секој разговор е инспирација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Заедно со мудроста на постарите генерации и свежите идеи на младите, градиме иднина дома – во наше Куманово – порача Димитриевски.

 

Поврзани содржини