20 ГОДИНИ ИСТ ФОЛКЛОР ОД ДУИ – ЈАСТРЕБИ, ОРЛИ И ЗАЈАЦИ Али и Димче се во коалиција, порача Мицкоски

Тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат - добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови, за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

52

 

Постои коалиција меѓи ДУИ и Левица, односно меѓу Али Ахмети и Димитар Апасиев, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во спортскиот центар ,,Јане Сандански“ , со кој почна кампањата локалните избори.






– Постојат две коалиции, две коалиции надвор од видливото. Првата е онаа меѓу Али и Димче, помеѓу ДУИ и Левица. Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа дека правеле тајни коалиции за наводно да ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам – кажа Мицкоски.

Сигурно пресметале дека ќе им вратам, па така ќе им го подобрам уништениот рејтинг, додаде Мицкоски.

– Таа нивна игра мора и Албанците и Македонците и сите останати да ја знаат и разберат. Така ДУИ си го крева рејтингот. А тезите им се стари и излитени – те крвови, те јастреби, те орли, те зајаци, истото тоа, истиот фолклор го споменуваат 20 години, тоа со години е истиот филм. Албанците му се иселија. Парам-парче направија од крадење. Албанците, дури и од неговото Зајас, се иселија, исто како во Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Кичево и насекаде што живеат.. Дваесет години беа на власт. Видовме се што можат, но и што не можат. И тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат – добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови, за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија – посочи Мицкоски.

Поврзани содржини