РУСИЈА НЀ ТЕСТИРА И САКА НЕМИРИ Ниедна НАТО-членка нема да биде оставена сама, вели шефот на германската дипломатија

Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Ова е опасно и мора да се одговори јасно и единствено. НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нашиот сојуз, вели германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. 

180

Ниту една земја-членка на НАТО нема да биде оставена сама пред руска провокација во форма на бран хибридни напади, рече денеска шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул.

– Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Ова е опасно и мора да се одговори јасно и единствено. НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нашиот сојуз, ниту една земја-членка нема да биде оставена сама да се справи со овие закани – рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде што зборуваше заедно со полскиот колега Радослав Сикорски и со францускиот колега Жан-Ноел Баро.






Алијансата во текот на овој месец ја почна мисијата Источна гарда за зајакнување на одбраната на источното крило на Европа, одговарајќи на упадите на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Во Данска во текот на минатата недела неколку беспилотни летала се урнаа во близина на аеродромот и важната инфраструктура во Копенхаген, што го затвори најпрометниот аеродром во нордискиот регион неколку часа.

Русија ги негираше обвинувањата дека нејзини беспилотни летала и борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјите од НАТО.

Поврзани содржини