ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО СПАСИЈА ЦЕНТАРОТ НА НЕГОТИНО Избувна силен пожар, евакуирани се дел од жителите

Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители. 

368

Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во  центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители.






– Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото – додаде Стојанов.

Поврзани содржини