„НЕ МОЖЕ СТЕВЧО ДА БИДЕ ИЗБОРОТ НА КАРПОШАНИ“ Лицето е ставено на црната листа на САД, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

764

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери  како лице вклучено во криминални активности и корупција, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Стејт Департментот, посочено е таму, прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:






„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници”.

САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Стевчо Јакимовски местел тендери и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија. Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини